logo
logo
logo

Видео: Тејлор Свифт исвиркана на Супербоулот, се надоврза и Трамп

Vecer | 10.02.2025

Видео: Тејлор Свифт исвиркана на Супербоулот, се надоврза и Трамп

Кога пејачката се појави на екранот, дел од публиката почна да исвиркува со извици „бу“. Меѓутоа, Свифт само се насмевна и продолжи да го следи настанот, се чини - скоро целосно неоптоварена од извиците од посетителите.

„Тејлор не ја заслужува оваа омраза... Изгледа како така добра личност“, „Кралица“, „Кому му е грижа за хејтерите“ - гласат дел од коментарите на Икс, а во нејзина одбрана излезе и американската тенисерка Серена Вилијамс.

„Те сакам, Тејлор Свифт. Не им обрнувај внимание на извиците!“, напиша Вилијамс.

И претседателот на САД, Доналд Трамп го користи сè тоа, па на свој начин, се чини, ја исмеа поп-пејачката, покажувајќи дека тој добил само ракоплескање. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk