logo
logo
logo

Работник од БиХ „измамил“ австриска фирма за 200.000 евра

Vecer | 11.03.2025

Работник од БиХ „измамил“ австриска фирма за 200.000 евра

Фирма од Клагенфурт, Австрија, пријавила 45-годишен државјанин на Босна и Херцеговина кој им нанел штета вредна неколку стотици илјади евра.

Имено, како што пренесуваат австриските медиуми, овој државјанин на БиХ почнал да работи во оваа компанија во продажниот сектор во април 2023 година, а за да го поддржат му дале скап автомобил, чии месечни трошоци за одржување морал сам да ги плаќа.

Меѓутоа, тоа го направил само еднаш, а потоа му се губи секаква трага.

Поради тоа и нанел штета на фирмата од неколку стотици илјади евра, а некои медиуми јавуваат дека таа изнесува 200.000 евра.

Тој останува недостапен и за раководството на компанијата и за австриските власти.

Автомобилот се уште е во негов посед.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk