logo
logo
logo

ФАТЕН СО 71 ГРАМ КОКАИН И 60 МДМА АПЧИЊА!

АЛБАНСКИ ТИНЕЈЏЕР ФАТЕН СО 71 ГРАМ КОКАИН И МДМА ВО ХРВАТСКА - Полицијата му најде и пари

Vecer | 26.07.2026

АЛБАНСКИ ТИНЕЈЏЕР ФАТЕН СО 71 ГРАМ КОКАИН И МДМА  ВО ХРВАТСКА - Полицијата му најде и пари

Дванаесетгодишен државјанин на Албанија заврши во пртивор во Хрватска откако полицијата во неговиот автомобил открила поголема количина дрога. Младиот Албанец бил приведен кај Пировац, откако на полицајците им станало сомнително неговото однесување покрај паркирано возило. При претресот биле пронајдени какаин и МДМА во кристали и таблети. 

Врз основа на налог од Жупанискиот суд во Шибеник, извршен е претрес на автомобилот. Полицијата пронашла 92 ПВЦ ќесички со 71,4 грама кокаин, 39 ќесички со 31,2 грама кристален МДМА, како и 60 таблети од истата дрога. Покрај наркотиците, од деветнаесетгодишникот е одземен и готовина.

По завршувањето на криминалистичката истрага, осомничениот албански државјанин е предаден на притворскиот надзорник во полициската управа во Шибеник. До надлежното државно обвинителство е поднесена кривична пријава. Оваа полициска акција е дел од континуираните напори за сузбивање на трговијата со дрога на Јадранот во текот на летната сезона, период во кој транзитот е зголемен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk