logo
logo
logo

ВУЧИЌ СО ДРАМАТИЧНА ПОРАКА АКО ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ - Ќе им се семеам и од притвор, затвор и гроб

Vecer | 26.07.2026

ВУЧИЌ СО ДРАМАТИЧНА ПОРАКА АКО ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ - Ќе им се семеам и од притвор, затвор и гроб

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да избега од Србија доколку Српската напредна странка ги загуби изборите. Тој повторно најави можност за предвремени парламентарни избори во октомври годинава, а доколку тие се одржат, претседателските избори, според него, најверојатно ќе бидат во јануари 2027 година.

„Доколку парламентарните избори се одржат во октомври, можно е претседателските да бидат кон крајот на декември или на почетокот на јануари. Ако, пак, парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш претседателските сигурно ќе бидат во јануари или, најдоцна, на почетокот на февруари“, изјави Вучиќ.

Протести и студентска изборна листа

Предвремени избори бара студентското движење, но и голем дел од јавноста, која со месеци протестира против Владата. Протестите беа поттикнати по трагедијата во Нови Сад, кога при уривање на настрешница на железничката станица во 2024 година загинаа 16 лица. Демонстрантите сметаат дека за несреќата одговорност сноси власта поради коруптивни зделки и пристрасното функционирање на институциите.

Студентското движење најави дека ќе настапи со своја изборна листа. Иако таа сè уште не е официјално објавена бидејќи не е познат датумот на изборите, владејачката партија, со поддршка од медиуми и таблоиди блиски до власта, веќе се обидува да ја дискредитира, јавно посочувајќи и напаѓајќи поединци кои наводно би можеле да бидат кандидати.

Вучиќ денеска изјави дека на изборната листа на Српската напредна странка ќе има многу повеќе млади луѓе отколку на студентската листа.

„Ќе им се смеам в лице и од притвор и од гроб“

„Ако граѓаните сакаат да гласаат за младоста и иднината, ќе можат да гласаат за Српската напредна странка. Нашата листа ќе биде неспоредливо помлада од нивната, а јас ќе бидам меѓу постарите“, изјави Вучиќ, додавајќи дека „со гордост ќе биде дел од таа листа“ и дека „воопшто не му е важно дали ќе биде ставен на 250., 72., првото, третото или петтото место“.

Во интервју за телевизијата „Прва“, Вучиќ рече дека „не се плаши од ништо, освен од Бог, судот на историјата и судот на својот народ“.

„Можно е да ги загубиме изборите, но гласовите ќе бидат преброени. Ако победат на изборите, ќе им честитам, но истата вечер ќе кажам дека на власт дошле најлошите можни луѓе. Ќе им се смеам в лице цело време – и од притвор, и од затвор, и од гроб, пркосно и гордо“, изјави Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk