logo
logo
logo

Фајон: Ќе ги предупредам сојузниците на НАТО за ситуацијата на Западниот Балкан

Vecer | 03.04.2025

Фајон: Ќе ги предупредам сојузниците на НАТО за ситуацијата на Западниот Балкан

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон денеска во Брисел изјави дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО ќе ги предупреди сојузниците за ситуацијата на Западниот Балкан, наведувајќи дека внимателно ги следи случувањата во Босна и Херцеговина, Србија и на Косово.

По пристигнувањето на дводневниот министерски состанок во седиштето на НАТО, Фајон им рече на новинарите дека Алијансата не смее да го занемари Западниот Балкан, туку треба да продолжи да биде ангажирана во тој политички нестабилен регион.

„Ќе се фокусирам и на Западниот Балкан, кој е непосреден сосед на Словенија. Ги следиме случувањата во Србија и Босна и Херцеговина, како и на Косово по изборите“, рече Фајон.

Таа изјави дека Словенија „многу внимателно“ ја следи ситуацијата во БиХ и додаде дека сака таа земја да остане на европскиот пат и да биде земја без тензии.

„Сакаме да видиме земја која е стабилна и чие раководство е посветено на европските реформи. Словенија нуди поддршка на БиХ и сака таа да остане на европскиот пат, да остане една земја без тензии, бидејќи живееме во време кога треба да видиме силно лидерство посветено на безбедноста и благосостојбата на граѓаните“, додаде Фајон. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk