logo
logo
logo

Швајцарска компанија и продала на Србија опрема за прислушување

Vecer | 02.02.2025

Швајцарска компанија и продала на Србија опрема за прислушување

Швајцарската конфедерација ја одобрила таа продажба во 2023 година, дознава новинската агенција Keystone-SDA, пренесе СвисИнфо.

Швајцарското Министерство за економија потврди за Keystone-SDA дека Конфедерацијата одобрила испорака на IMSI-catchers, во вредност од речиси 2 милиони швајцарски франци до владините служби во Србија.

Министерството не прецизираше дали опремата е доставена до српските разузнавачки служби или до МВР на Србија. Не го објави ниту името на швајцарската компанија што ја испорачала опремата, пишува СвисИнфо.

Во декември, Амнести интернешнал откри дека телефоните на неколку активисти и новинари биле инфилтрирани со шпионски софтвер контролиран од српските разузнавачки служби. Од организацијата тврдат дека тоа е широко распространета и систематска практика. 

Испораката на опрема за надзор е забранета во Швајцарија доколку постои причина да се верува дека ќе се користи за репресија во земјата примател. Во моментот на одобрувањето, немало доволно докази за да се потврди ова, изјави за SonntagsBlick портпаролот на Државниот секретаријат за економски прашања, Фабијан Мајенфиш. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk