logo
logo
logo

Студентите во блокада го повикаа Универзитетот во Белград на радикализација

Vecer | 05.04.2025

Студентите во блокада го повикаа Универзитетот во Белград на радикализација

Апелот е објавен за да може  „сега синхроно студентите и претставниците на Универзитетот да истапат како хомогено тело“ што  „се бори за честа и достоинството на академската заедница“.

Во објава на социјалните мрежи тие посочуваат дека повикот е неопходен „за  да се врати заслужениот кредибилитет на Универзитетот“.

Тие ги осудија „изјавите, навредите, клеветите и заканите упатени до ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ и деканите на високообразовните институции“ и, како што наведоа, клевети и физички напад врз деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ.

Студентите во блокада ги осудуваат „сите обиди за заплашување на Универзитетот“ и наведуваат дека „ваквите постапки на носители на јавни функции бараат итна реакција“.

„Да беше државата тело, образованието ќе беше основна единица на структурата и функцијата на здравото тело, студентите ќе беа срцето, а Универзитетот ќе беше мозокот кој вози сè“, додаваат тие.

За жал, како што наведоа, се сведоци на „потценување и пропаганда што се шири во општеството последниве денови“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk