logo
logo
logo

Мицкоски: Заминувањето на странски инвеститори ќе запре. ЌЕ ИМА МНОГУ ИНВЕСТИЦИИ, НО ДАЛИ ЌЕ ИМАМЕ РАБОТНИЦИ?

Vecer | 06.02.2025

Мицкоски: Заминувањето на странски инвеститори ќе запре. ЌЕ ИМА МНОГУ ИНВЕСТИЦИИ, НО ДАЛИ ЌЕ ИМАМЕ РАБОТНИЦИ?

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот со заминување на странските компании ќе биде надминат.

Напротив, тој рече дека е загрижен дали ќе има доволно работна сила за сите предвидени инвестиции во државава.

Одговарајќи на новинарско прашање дека дел од странските компании ја напуштат земјава, а дел ги намалуваат капацитетите, Мицкоски рече дека процесот ќе биде надминат бидејќи во меѓувреме, како што посочи, преговараат со дел од инвеститорите кои што се заинтересирани да инвестираат.

– Има и неколку нови компании коишто најавуваат отпочнување на инвестиција или отворање на нови производни погони, така што тоа е процес кој што е тековен. Оваа компанија за којашто вие кажавте нѐ информираше пред неколку недели, оваа година тие ќе си работат тековно, нормално ќе си работат. Преговараме со дел од инвеститорите кои што се заинтересирани да инвестираат и многу брзо денеска ќе се надмине овој процес. Така што, јас повеќе сум загрижен дали ќе имаме доволно работна сила за сите оние инвестиции кои што се во процес на инвестирање – рече премиерот.

Дел од компаниите во слободната зона Бунарџик ја напуштаат Северна Македонија, дел пак ги намалуваат капацитетите. Компанијата „Аптив“ заминува од земјава, а Џонсон Мети најавува намалување на бројот на вработени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk