logo
logo
logo

ЌЕ ПОПУШТАТ? Трамп сериозно ја исплаши ЕУ

Vecer | 07.02.2025

ЌЕ ПОПУШТАТ? Трамп сериозно ја исплаши ЕУ

Бернд Ланге, претседател на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, во интервју за Фајненшл тајмс изјави дека Европската унија е подготвена да понуди намалување на царините за автомобилите од САД.

Имено, оваа одлука се размислува за да се избегне трговска војна со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Можеме да се обидеме да постигнеме договор пред да ескалираат трошоците и царините“, рече тој, додавајќи дека данокот на увоз, кој сега е 10 отсто, би можел да падне поблиску до 2,5 отсто што Вашингтон моментално ги наплаќа за автомобилите увезени од ЕУ.

Според агенцијата Баха, официјални лица во Брисел изјавиле за ФТ дека автомобилскиот сектор на блокот ќе го поддржи потегот.

Покрај тоа, ЕУ ќе понуди да купи поголеми количини течен природен гас и воена опрема од САД, вели Ланге.

Во изминатите неколку недели, Трамп постојано се жалеше на трговскиот дефицит САД-ЕУ, ветувајќи дека ќе воведе царини за блокот. Ланге предупреди дека ЕУ ќе возврати, потенцијално насочени кон американските технолошки и финансиски компании, доколку разговорите не успеат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk