logo
logo
logo

ОХРИД - КИЧЕВО СЕ ГРАДИ И НОЌЕ КОГА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ СЕ ПОВОЛНИ (ДЕТАЛИ)

Vecer | 29.04.2026

ОХРИД - КИЧЕВО СЕ ГРАДИ И НОЌЕ КОГА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ СЕ ПОВОЛНИ (ДЕТАЛИ)

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва објави дека заедно со Коце Трајаноски, директорот на ЈПДП, се на увид на градежните работи на автопатот Охрид - Кичево.

- На автопатот Охрид - Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден.

Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид - Кичево.

Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни.

Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.

Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата. Ја градиме Македонија! - објави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk