logo
logo
logo

Западен Балкан: ЕКОНОМСКИ РАСТ ДУПЛО ПОГОЛЕМ ОД ЕУ, но дали е и тоа доволно

Vecer | 30.04.2026

Западен Балкан: ЕКОНОМСКИ РАСТ ДУПЛО ПОГОЛЕМ ОД ЕУ, но дали е и тоа доволно

Европа е во економска, социјална и политичка криза каква не се памети последниве две децении, особено што сегашната состојба не е на најлошомнивоо - најлошото следи.

Дел од тие проблеми се поради војните во Украина и на Блискиот исток но, дел од вината отпаѓа и на самите европски политичари поради нивните катастрофални одлуки поврзани со енергетиката, трговските војни со Кина и Русија и масовната миграција од државите кои се соочија со воени интервенции од САД и Европа во последниве две децении на Блискиот исток и северна Африка, и од каде дојдоа повеќе од 6 милиони бегалци, дополнително четири милиони од Украина.

Според резултатите за 2025 година, просечниот раст на економијата на Европската Унија во 2025 година е во рамките на пректираниот - околу 1,1% до 1,5%.

Во 2026 година се очекува растот во ЕУ да се забрза на 1,5%., Се очекува земјите како Шпанија и Полска да растат значително побрзо од просекот на ЕУ во 2025 година

Кога растот на европската еконимија е толку мал, што може да се очекува за растпот на економијата на државите од Западен Балкан на кои ЕУ им е најголем трговски и инвестициски партнер?

Западен Балкан: ЕКОНОМСКИ РАСТ ДУПЛО ПОГОЛЕМ ОД ЕУ

Западниот Балкан има двојно поголем економски раст од државите на ЕУ во 2025. и 2026-та година но, се соочува со два клучни проблеми: технолошка и енергетска инфериорност и намалување на населението, односно се поголем недостаток на млада работна сила.

За да се одржи моментумот на реформите во земјите од регионот, кои се соочуваат со недостиг на работна сила, од клучно значење ќе биде зголемувањето на учеството на активното население на пазарот на трудот.

Кризата на Блискиот Исток ќе влијае и на економиите на Западен Балкан, па земјите од тој регион ќе се соочат со забавен економски раст и зголемена инфлација оваа и следната година, предупреди Светската банка (СБ).

Во редовната шестмесечна регионална анализа објавена во Сараево, се наведува дека се очекува „пригушен“ економски раст во текот на 2026 и 2027 година под влијание на последиците од прелевањето на конфликтот на Блискиот Исток, тврдоглавата инфлација и зголемената неизвесност.

Прогнозите на Светската банка за Западен Балкан покажуваат дека економскиот раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија ќе достигне 2,8 проценти во 2026 година, што е за 0,3 процентни поени под претходните проекции. Во 2027 година се очекува скромно забрзување на регионалниот раст на 3,2 проценти.

Највисок раст на БДП од 3,9 проценти за оваа година е проектиран за Косово, а најнизок за БиХ, каде што треба да биде на ниво од 2,5 проценти. Во 2027 година, Косово треба да има највисок раст на БДП во регионот, на ниво од 3,9 проценти, додека раст од три проценти се предвидува за Босна и Херцеговина, Македонија и Србија.

За да се одржи моментумот на реформите во земјите од регионот, кои се соочуваат со недостиг на работна сила, од клучно значење ќе биде да се зголеми учеството на активното население на пазарот на трудот, наведоа тие.

Населението на Западен Балкан, според овој извештај, старее побрзо од кое било друго место во Европа. Во текот на следната деценија, најмалку едно од пет лица во регионот ќе биде над 65 години, работното население бара подобри плати и перспективи во странство, а иако има недостиг на работна сила во клучните сектори, многу луѓе не работат активно или се откажале од барање работа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk