logo
logo
logo

Мицкоски: НИКОГАШ НЕМА ДА ПОДДРЖАМ ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОСТ во правосудството

Vecer | 30.04.2026

Мицкоски: НИКОГАШ НЕМА ДА ПОДДРЖАМ ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОСТ во правосудството

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница испрати децидна порака дека во правосудниот систем на Македонија не смее да има двојазичност. Одговарајќи на прашање од пратеничката Илире Даути, тој нагласи дека унитарниот карактер на државата налага еден официјален јазик во судството, но истовремено понуди решение за кандидатите кои полагаат правосуден испит.

Мицкоски се повика на мислењето на Венецијанската комисија, која препорача земјата да се врати на законските решенија од 2008-2009 година и да ја напушти двојазичноста во правосудството.

„Никогаш нема да поддржам двојазичност или повеќејазичност во правосудството. Се знае, мора да имаме еден закон, тоа е македонскиот закон, за да обезбедиме владеење на правото. Правосудството мора да биде на еден јазик, а тоа е македонскиот и тука мора да заврши таа дискусија“, изјави премиерот Мицкоски.

Иако е против двојазичност во официјалната судска постапка, премиерот истакна дека не е против тоа секој кандидат да може да го полага правосудниот испит на својот мајчин јазик, доколку се обезбедат еднакви критериуми за оценување. Тој презентираше и бројки со кои ги отфрли обвинувањата за дискриминација, посочувајќи дека од 2020 година до денес, над 95% од кандидатите Албанци успешно го положиле испитот според актуелната методологија.

Премиерот информираше дека тим од уставно-правни експерти веќе работи на изнаоѓање решение кое ќе биде прифатливо за сите и ќе овозможи полагање на мајчин јазик, но без да се наруши статусот на македонскиот јазик како единствен во правосудниот систем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk