logo
logo
logo

Политички калкулации, клиентелизам или нешто друго

НЕ Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ НАПУШТАЊЕТО НА МИЛЕ ЦЕКОВ: Јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот

Vecer | 30.04.2026

НЕ Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ НАПУШТАЊЕТО НА МИЛЕ ЦЕКОВ: Јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот

Подолг период беше јасно дека пратеникот Миле Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

Затоа, неговата одлука да ја напушти пратеничката група и да делува како независен пратеник не претставува изненадување.

Движењето ЗНАМ е создадено врз јасни принципи кои се темелат на чесност, одговорност, заштита на македонските национални интереси и борба за достоинствена и суверена Македонија.

Тоа не се вредности од кои отстапуваме зависно од политичкиот момент, личните амбиции или дневнополитичките пресметки.

Оттука, неговите обиди денес да се претставува како симбол на принципиелност, а притоа претходно да застапува позиции спротивни на државните и националните црвени линии, се крајно несериозни и неубедливи пред граѓаните.

За човек кој јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот, природно е што повеќе не се препознава во политиките на Движењето ЗНАМ.

Причините за оваа одлука се лично негови.

Дали станува збор за политички калкулации, клиентелизам или нешто друго, ќе покаже времето.

Но, Движењето ЗНАМ нема да отстапи од својата мисија и од довербата што ја доби од народот.

На господинот Цеков му посакуваме успех во неговото понатамошно политичко делување како независен пратеник.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува цврсто определено кон политиките на национално достоинство, стабилност, реформи и силна македонска држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk