logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени

Vecer | 03.05.2025

ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени

По 7 години власт на СДС и ДУИ и лоши економски политики, слободниот пад во економијата е запрен, економијата се консолидира и заздравува, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

- Економските развојни политики на владата вродуваат со плод. Се намали јавниот и државниот долг. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви март, намален е јавниот и државен долг. Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1% од бруто домашниот производ. Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%. Овие податоци и индикатори се потврда за развојните политики што ги спроведува владата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветеноста на реализација на инвестиции кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, со што на долг рок дополнително ќе се намали нивото на долгот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи домаќински и континуирано работи на привлекување странски инвестиции, отворање на нови работни места и подобар животен стандард на граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk