Поради драматичната криза во Хормушкиот теснец, каде што сообраќајот на бродови падна од 178 на само седум дневно, а трошоците за осигурување вртоглаво пораснаа за неверојатни 10%, Египет и Италија активираа нов стратешки коридор, пренесува „Focus.de“.
Станува збор за т.н. 'Ro-Ro' рута која го поврзува египетското пристаниште Дамиета со италијански Трст, нудејќи побрза и побезбедна алтернатива за стоката која патува меѓу Европа и Заливот.
Овој проект не е само египетско-италијанска зделка. Коридорот отвора огромни можности за земјите од Југоисточна Европа, каде што пристаништата како Риека (Хрватска) и железничките поврзувања кон Централна Европа добиваат на стратешка важност. Веќе се транспортираат околу 420 шлепери неделно, а логистичките гиганти како DHL и Kuehne+Nagel овој пат го нарекуваат „нов стандард во трговијата“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата