logo
logo
logo

ЕДНА ФИРМА ОТКРИ: Еве колку пари губи со царините од Трамп за Кина

Vecer | 21.05.2025

ЕДНА ФИРМА ОТКРИ: Еве колку пари губи со царините од Трамп за Кина

Директорот на американската компанија „Нвидија“, Јенсен Хуанг, изјави дека американските извозни ограничувања на полупроводниците ја чинеле неговата компанија околу 15 милијарди долари во загубена продажба. На тоа треба да се додадат и веќе пријавените отписи на залихи од 5,5 милијарди долари.

Тој предупреди дека ваквите ограничувања нема да го спречат развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во Кина, туку, напротив, ќе го поттикнат создавањето на кинески екосистем на ВИ што еден ден би можел да се натпреварува со американскиот.

Секој што мислеше дека еден шаховски потег, со кој се забранува употребата на H20 чипови, ќе ја спречи Кина да развие вештачка интелигенција, е длабоко незнаечки, рече Хуанг.

Американските власти, повикувајќи се на националната безбедност, воведоа ограничувања за извоз на напредни чипови и опрема во Кина. Оваа практика се одвива со години, под администрацијата на Доналд Трамп, а продолжи и под водство на Џо Бајден.

Компанијата се обиде да ги заобиколи ограничувањата нудејќи ослабена верзија од своите најнапредни чипови - H20 - на кинескиот пазар, но и тие модели сега се опфатени со новите забрани, воведени кон средината на април.

Уште во април, објави дека очекува отписи во вредност од 5,5 милијарди долари, токму поради производите H20 кои не можат да се пласираат на кинескиот пазар.

Хуанг истакна дека Нвидиа повеќе не може дополнително да ги намалува перформансите на своите чипови, бидејќи H20 е веќе максимално прилагоден на барањата на американските регулативи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk