logo
logo
logo

Идеја за ПОСЕН РУЧЕК: тестенини со аспарагус

Vecer | 06.03.2025

Идеја за ПОСЕН РУЧЕК: тестенини со аспарагус

Овој зеленчук е богат со витамини А, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9, Ц, Е, К, како и бројни минерали како калциум, железо, калиум, фосфор, цинк, манган...

Постојат многу начини за подготовка на аспарагусот, а наједноставниот е со тестенини. Овој рецепт може да послужи како идеја за ручек или вечера за време на велигденскиот пост, а вкусот ќе ве воодушеви.

Состојки:

пакување посни тестенини

400 гр аспарагус

2-3 чешниња лук

2-3 лажици посен маргарин

сол, бибер и билки по вкус

1 лимон

Подготовка:

Сварете ги тестенините и исцедете ги. Одвојте половина шолја од водата во која се варени тестенините.

Аспарагусот исчистете го и исечете го на помали парчиња. Ставете го во длабока тава, истурете со еден прст од водата во која се сварени тестенините и поклопете. Откако ќе зоврие, оставете да се крчка уште две минути, а потоа истурете ја водата и вратете ги аспарагусот во тавата.

Додадете ситно сечкан лук и маргарин, мешајте на средна топлина 2-3 минути, а потоа исклучете ја топлината.

Додадете ги сварените тестенини, добро измешајте, зачинете и оставете на шпорет уште 2-3 минути.

Ако ви изгледа суво, додадете малку повеќе од водата за готвење на тестенините. По желаба се ренда кора од лимон и се прелива со сокот од лимон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk