Оваа чорба е идеална за зимските денови. Лесна за варење и богата со влакна. Совршена за оние кои сакаат да се опорават или едноставно да уживаат во вкусен и здрав оброк.
Потребни состојки:
1 поголем морков
1 поголем корен од целер
1 кромид
1 пиперка, свежа или од замрзнувач
1 компир
3 лажици ориз
масло
1 лажица сув зачин
мелен бибер
магдонос
Начин на приготвување:Изрендајте половина морков и пропржете го, Додадете го остатокот од морковот исечкан на коцки, исечканиот кромид и бибер, па динстајте.
Додадете корен од целер исечкан на коцки, како и компир исечкан на коцки и покријте со вода за да се сварат. Кон крајот додадете ориз. Кога се ќе се свари, додадете сув зачин, сечканиот магдонос и бибер.
Послужете топло. Уживајте во фантастичниот вкус.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата