Одлично оди со шпагети, како фил за лазањи или само со пире од компири: Оригиналниот рецепт за познатиот болоњезе сос
Со својот вкус, овој сос воодушеви милијарди луѓе ширум светот
Кога подготвувате јадење, една од најважните работи е да имате добар и проверен рецепт, ако веќе немате свој што љубоморно го чувате, бидејќи знаете дека е најдобар.

Сепак, има и такви кои се совршени и доаѓаат директно од Италија, а сите знаеме дека Италијанците се вистински мајстори во подготовката на ова совршено јадење. Сега кога го имате рецептот, се што треба да направите е да ги набавите потребните состојки и да уживате во оброкот кој наскоро ќе биде пред вас.
Состојки:
300 гр шпагети
300 гр мелено говедско месо
100 гр моркови
200 гр излупени домати
40 гр пармезан сирење
1 главица кромид
2 чешниња лук
3 лажици масло
200 мл црвено вино
зачини по желба
Подготовка:
Сварете ги шпагетите во солена вода, исцедете ги и оставете ги на страна додека го подготвувате сосот. На масло пропржете го кромидот, ренданиот морков и меленото месо, па динстајте 10 минути. Потоа додадете малку издробен лук
Зачинете по желба и динстајте уште 5 минути, потоа додадете ја доматната паста, прелијте ја со густата паста измешана во црвено вино и оставете да зоврие. Сварените шпагети прелијте ги во чинија, прелијте со подготвениот сос и посипете со рендан пармезан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата