logo
logo
logo

LONGINES СО НОВА ВИЗИЈА: HYDROCONQUEST 2026 претставен прво во Виена, ДОСТАПЕН И КАЈ BO БОЖИНОВСКИ часовници

Vecer | 03.04.2026

LONGINES СО НОВА ВИЗИЈА: HYDROCONQUEST 2026 претставен прво во Виена, ДОСТАПЕН И КАЈ BO БОЖИНОВСКИ часовници

По повеќе од 20 години еволуција на моделот, Longines го редефинира својот најпрепознатлив спортски часовник, со нов дизајн, унапредена механика и јасна насока кон современ луксуз.

Скопје / Виена

Longines ја отвора новата фаза од својот развој со претставување на целосно редизајнираниот HydroConquest, модел кој повеќе од две децении претставува столб на спортската колекција на брендот.

Новата генерација на HydroConquest беше ексклузивно претставена во Виена, на специјален настан за избрани партнери и медиуми, каде што присуствуваше и тимот на Божиновски. Веднаш по официјалниот global reveal на 26 март, моделот пристигнува и на македонскиот пазар.

Ова не е класично освежување на постоечки модел. Станува збор за најзначајниот редизајн на HydroConquest досега.

НОВ ДИЗАЈН: ПОЧИСТ, ПОСЕРИОЗЕН, ПОМОДЕРЕН

Новата естетика на HydroConquest носи порафиниран и поархитектонски пристап кон спортскиот часовник. Дизајнот е инспириран од понапредни линии во портфолиото на Longines, со акцент на чисти површини, подобрена читливост и балансирана форма.

Керамичкиот ротационо н прстен добива поелегантен завршеток, додека бројчаникот е поедноставен, со намалена визуелна „бучава“ и посилен фокус на функционалност.

HydroConquest со ова се позиционира како часовник кој функционира еднакво добро и во спортски и во урбан контекст.

ТЕХНОЛОГИЈА: СТАБИЛНОСТ СО УНАПРЕДУВАЊЕ

Моделот работи со автоматскиот калибар L888.5, со резерва на енергија од околу 72 часа и подобрена отпорност на магнетни влијанија.

Клучните перформанси остануваат непроменети:

– водоотпорност до 300 метри

– screw-down круна и заден капак

– еднонасочен ротирачки bezel

– sapphire crystal со антирефлективен слој

Longines ја задржува техничката доверливост на моделот, додека го унапредува неговиот визуелен и кориснички карактер.

ГОЛЕМИНИ И ВАРИЈАЦИИ: ЕДЕН МОДЕЛ, ПОВЕЌЕ ПРОФИЛИ

Новата линија доаѓа во две клучни големини од 39mm и 42mm, со што се отвора простор за поширока публика и различни стилови на носење.

Достапни се повеќе варијации на (црна, сина, зелена), како и избор помеѓу класично или метално ремче, гумена варијанта и новата milanese mesh нараквица, која дополнително ја поместува линијата кон елегантен, day-to-night сегмент.

НОВА ПОЗИЦИЈА НА LONGINES

Со ова издание, Longines не само што го обновува својот најпродаван модел, туку испраќа јасна порака за новата насока на брендот.

Под водство на новиот CEO Patrick Aoun, фокусот е ставен на прецизно балансирање помеѓу наследството и современиот израз, без агресивни отстапки, но со јасна еволуција.

HydroConquest 2026 е дел од таа визија, часовник кој не се обидува да биде впечатлив, туку релевантен.

ДОСТАПНОСТ

Новата колекција на Longines HydroConquest е веќе достапна во продажните салони на БОЖИНОВСКИ часовници & накит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk