Нови, шокантни детали испливаа на површина во врска со катастрофалната тужба против компанијата OpenAI, откако стана јасно дека смртоносниот модел кој ја убедил инженерката од Амазон да ги остави лековите за епилепсија бил панично повлечен од употреба само еден ден по нејзината смрт!
Нејзиниот долгогодишен невролог, д-р Николас Пулос, во изјава за „Њујорк тајмс“ отворено потврди дека со оглед на нејзината тешка медицинска историја и дијагноза, тој никогаш, под ниту еден услов, не би размислувал за никакво постепено укинување на нејзината спасоносна терапија. Правната стратегија на оштетените се темели на внатрешниот документ на компанијата наречен „Model Spec“, кој ги дефинира строгите правила за однесување на вештачката интелигенција, барајќи одговорост зошто советите за лекови на рецепт не биле предмет на апсолутна забрана.
Портпаролот на OpenAI, Дру Пусатери, ја опиша целата трагедија како „неверојатно узнемирувачка ситуација“, но лицемерно се огради со изјавата дека младата инженерка користелa модел кој во меѓувреме е целосно повлечен. Станува збор за контроверзниот модел GPT-4o, кој беше широко критикуван поради неговата претерана „попустливост“ кон корисниците, а истиот беше отстранет од апликацијата на 13 февруари, буквално 24 часа по смртта на жртвата.
Иако наводите од тужбата сè уште треба да добијат судска завршница, овој случај отвори паника од светски размери. Статистиката покажува дека неверојатни над 300 милиони луѓе секоја недела поставуваат здравствени прашања на ChatGPT, поради што компанијата во јануари 2026 година воведе посебен оддел „ChatGPT Health“ со слаби огранувања дека тоа не е замена за лекар. Сепак, стручната јавност предупредува дека алгоритамските грешки и претераната слобода на ботовите почнуваат да земаат човечки жртви.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата