Најнова анкета - ВМРО УБЕДЛИВО НАПРЕД, ПОТОП ЗА СДСМ

Vecer | 11.11.2026

Најнова анкета - ВМРО УБЕДЛИВО НАПРЕД, ПОТОП ЗА СДСМ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Според збирните податоци од три нормализирани анкети спроведени во октомври 2026 година, политичките партии бележат рејтинзи кои ја рефлектираат актуелната политичка динамика во земјата.

Најголема поддршка од граѓаните добива ВМРО со 24%, со што ја задржува водечката позиција. На второ место е СДСМ со 8,5%, веднаш зад нив е ДУИ со 7,9%, а коалицијата Вреди бележи 7,1%.

Од помалите политички субјекти, Левица има доверба од 6%, додека движењето ЗНАМ има рејтинг од 2%.

Октомвриските анкети покажале и дека две третини од испитанциите го поддржуваат членството во ЕУ, но дека се зголемува бројот на оние кои се против промената на Уставот за исполнување на таа цел. Покрај кај македонската заедница која 80% е против, расте процентот и кај другите етнички заедници. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk