logo
logo
logo

ХОРОР ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА - Хирург наместо слезинка извадил црн дроб!

Vecer | 17.04.2026

ХОРОР ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА - Хирург наместо слезинка извадил црн дроб!

Докторот Томас Шакновски се соочува со обвинение за убиство од небрежност по невидениот пропуст при операција во Алабама, кој заврши со смрт на пациент, пренесува „Ен-Би-Си Њуз“.

Иако операцијата била рутинско отстранување на слезината, хирургот направил незамислива грешка извлекувајќи го црниот дроб на жртвата, што предизвикало силно крвавење кое медицинскиот тим не успеал да го запре.

Шакновски бил лоциран и уапсен на Флорида на почетокот на оваа недела. Јавноста во САД со неверување го следи овој случај, со оглед на тоа што станува збор за еден од најтешките соопштени случаи на лекарска грешка во последните години. Обвинителството нагласува дека смртта настапила веднаш по погрешниот потег на хирургот, претворајќи ја планираната процедура во сценарио со трагичен крај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk