logo
logo
logo

Аларм поради подморница од Втората Светска војна, не смее да остане на морското дно

Vecer | 21.09.2026

Аларм поради подморница од Втората Светска војна, не смее да остане на морското дно

Норвешките власти се соочуваат со сериозен проблем на морското дно – од потонатата нацистичка подморница „У-864“ (U-864), која завршила на дното пред повеќе од 80 години, истекуваат дури 67 тони токсична жива, а експертите предупредуваат дека обидот за нејзино извлекување би можел да предизвика уште поголема еколошка катастрофа.

Станува збор за германска подморница од типот IXD2, со ознака „У-864“, која била погодена со торпедо од британската подморница „ХМС Венчурер“ (HMS Venturer) во близина на островот Федје на 9 февруари 1945 година. Оттогаш, остатоците од подморницата лежат на длабочина од 149 метри, каде што нејзините 'рѓосани челични резервоари полека испуштаат отровна течна жива.

Поради сè почестите повици за извлекување на подморницата со цел да се заштитат морскиот свет и локалната рибарска индустрија, Норвешката управа за крајбрежје во јуни испрати роботско возило до местото на потонувањето за да ја процени состојбата на терен.

Резултатите се загрижувачки, од 22-та резервоари извадени за анализа, дури 80 проценти активно испуштале жива во морското дно, пренесува Večernji.hr.

Врз основа на тие наоди, во извештајот објавен претходно овој месец се заклучува дека остатоците од подморницата и околниот простор треба да се покријат со заштитна обвивка за да се спречи понатамошно истекување.

Официјалните лица тврдат дека самото подигнување на подморницата би било премногу ризично, бидејќи поместувањето на дотраениот и 'рѓосан труп би можело да предизвика пукање на резервоарите и дополнително, уште поконцентрирано ширење на жива.

Норвешката влада досега потрошила повеќе од 400 милиони норвешки круни за разни студии за судбината на U-864 и, според „Мирор“, моментално ги разгледува наодите од најновиот извештај.

Локалните активисти со години инсистираат на целосно отстранување на остатоците, плашејќи се дека нивното покривање би можело ненамерно да предизвика детонација на германските торпеда за кои се тврди дека сè уште се на бродот или да ги смачка преостанатите резервоари со жива.

Весникот потсетува дека мисијата на подморницата U-864 била откриена благодарение на британските разузнавачки служби.

Подморницата наводно превезувала материјали што Јапонија требало да ги искористи за изградба на напредни млазни ловци и ракети за одбрана на окупираните територии во Азија. Подморницата HMS Venturer испалила четири торпеда кон U-864, од кои последното ја погодило целта и ги усмртило сите 73 члена на екипажот.

Според „Мирор“, ова е единствениот забележан случај во текот на целата Втора светска војна кога една подморница потопила друга подморница, додека сите други такви погодоци се случиле додека целта се наоѓала на површината на морето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk