logo
logo
logo

ЈА ЗАДРЖАЛЕ НА АЕРОДРОМ затоа што после операциите не личи на себе: СИ ГО СМЕНИЛА ЛИЧНИОТ ОПИС

Vecer | 13.03.2025

ЈА ЗАДРЖАЛЕ НА АЕРОДРОМ затоа што после операциите не личи на себе: СИ ГО СМЕНИЛА ЛИЧНИОТ ОПИС

Фотографиите од пасошот може да бидат непријатни, а ако сте успеале да „испозирате“ за добра, среќно чувајте ја во следните 10 години додека не истече. Меѓутоа, понекогаш, во годините кога имате пасош, може да се промените. Може да изгубите тежина, да ја промените бојата на косата, па дури и да се одлучите за филери и ботокс за целосно да го промените вашиот изглед. И ако ја задржите истата фотографија, работите понекогаш може да станат малку комплицирани.

Токму тоа и се случило на манекенката Јанаина Празерес, наречена „најубавата жена на светот“, кога била запрена на аеродромот. Причината? Таа 20 пати била под нож откако била фотографирана за пасошот, а била „прегледана“ затоа што служениците морале да се уверат дека е истата личност бидејќи таа воопшто не личела на личноста на фотографијата во документите.

Наводно, персоналот за контрола на имиграцијата бил „збунет“ кога 35-годишната девојка го предала пасошот. Ова се должи на фактот што таа потрошила околу 940 илјади евра за драстично да го промени својот изглед.

Таа наводно била задржана 40 минути додека од неа барале да го докаже нејзиниот идентитет. Но, што направи оваа убавица за да предизвика толкава мешаница? Таа имала целосна „хармонизација“ на лицето, повеќекратни процедури за ринопластика и подигнување на телото. На старата избледена фотографија има забележително потемна коса, малку поширок нос и образи и помалку шминка. Но, таа призна дека имала чувство оти тоа ќе се случи во одреден момент.

„Отсекогаш знаев дека ова може да се случи во одреден момент, бидејќи мојот изглед многу се промени со текот на годините“. Но, во тој момент тоа беше шок - никогаш не очекувате да ве запрат на аеродромот без да направите нешто погрешно.„Службениците поставија неколку прашања, па дури и ја споредија мојата фотографија со други пред да ми дозволат влез во земјата“, рекла убавицата.

Инцидентот наводно се случил минатиот месец на меѓународниот аеродром во Сао Паоло. Инфлуенсерката, која има над 725.000 следбеници на Инстаграм, а неодамна беше крунисана за „совршена жена“ во студиото на Плејбој, полетала од Бразил кон САД.

Јанаина била толку загрижена за целата голгота што решила веднаш по враќањето од патувањето во странство да го обнови пасошот за повторно да избегне каква било ситуација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk