Сепак, има примери кога луѓето ја потцениле опасноста од вакви „блиски средби“, а ова е еден од нив.
На платформата X е објавено видео од човек кој става змија на маса, а потоа ѝ се приближува и гледа длабоко во нејзините очи.
Човекот не го трга погледот од рептилот, оставајќи впечаток дека ја контролира ситуацијата. Меѓутоа, во (не)очекуван пресврт змијата молскавично го напаѓа и го каснува во лице!
Un hombre desafiando a una serpiente y termina muy mal. 😂 pic.twitter.com/0tBKgYMAMJ
— Reacción Nacional (@RNacional_News) October 15, 2024
Не е познато дали се работи за отров и дали мажот по инцидентот бил пренесен во болница, јавува Лакале Блу радио.
Видеото ги шокираше корисниците кои укажаа на опасноста од ваквото однесување во околината на дивите животни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата