Колку пати во животот сте посакале да „почнете од почеток“? Да промените нешто, да живеете поинаку, да работите друга, подобро платена работа, да ја најдете сродната душа или да живеете на друго место? Психолозите нудат совети како да успеете во оваа замисла и одново да почнете нов живот:
1. Не врзувајте се за одредени датуми
Луѓето често планираат да почнат одново во понеделник, на први во месецот или по Нова година... Постојано го чекаме „идеалниот момент“. Но, тоа е само одложување кое е последица на стравот од промени. Искоренете го тој страв – ако навистина сте решени да се промените, нека се случи тоа овде и сега!
2. Одредете приоритети
Плановите на оние што сакаат да го променат својот живот често се огромни: нова работа, нов град, целосна промена на изгледот, брак или развод... Наместо преамбициозни планови, одлучете што најмногу ви треба и зошто. Поставете реални цели за патем да не се уморите и да се откажете.
3. Осмислете мали чекори
Откако долгорочните цели ќе ви станат јасни, направете временски распоред. Не обидувајте се да реализирате петгодишен план за шест месеци. Планирајте ги задачите за претстојниот месец и реално проценете ги своите можности. На пример, ако сте одлучиле да ослабете, воведувајте промени во исхраната постепено, наместо да преземате драстични потези. Тоа го олеснува процесот кој нема да го доживеете како откажување или страдање.
4. Почнете со надворешни промени
Многу е полесно да поверувате дека навистина започнал нов живот кога постојат видливи докази за тоа. Почнете со надворешни промени – освежете го стилот, сменете ја фризурата или преуредете го домот. Докажано е дека промената на околината или облеката влијае и на начинот на размислување – се однесуваме поинаку, размислуваме поинаку... На пример, деловниот костим влева чувство на дисциплина; нè прави да се чувствуваме добро и самоуверено...
5. Најдете си “контролор“
Доверете му го проектот за промена на животот некому кому му верувате – на пример, на најдобриот пријател – и замолете го да го следи вашиот напредок. Ако планот успее, тој ќе ве награди; ако одолговлекувате, ќе ве казни. Ова ќе послужи како одлична мотивација да истраете во намерата.
6. Ветете дека ќе постигнете нешто пред сведоци
Ветете им нешто или обложете се со колегите или пријателите дека ќе постигнете одредена цел до одреден датум. Можеби ќе бидат скептични во однос на вашите шанси, но ќе ви ја дадат можноста. Тогаш напорно ќе работите на себе за да им докажете дека можете да успеете!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата