Тие всушност барале товар што морнарите го носеле од Куба во Шпанија кога налетале на ураган. Флотата се состоела од 11 бродови, од кои ниту еден не се вратил дома.
Се верува дека бродовите носеле сребро кога биле „зафатени“ од брановите, во 1715 година, недалеку од источниот брег на Флорида. Тоа бил трагичен крај за повеќе од 1.000 морнари.
Гичлаг и неговиот тим пронашле повеќе од 200 сребрени монети со неправилна форма, а нивната вредност била проценета помеѓу 10.000 и 120.000 евра.
„Отсекогаш барав работи, уште од мал. Ова е исполнување на сонот на едно момче“, рече Гитшлаг.
Тој додава дека во тинејџерските години сфатил дека има луѓе кои бараат изгубени богатства и сакал да го направи тоа.
„Првиот договор го потпишав во 2014 година. Секогаш очекувам нешто да најдеме и девет од десет пати се случува така“.
Искусниот нуркач открива дека кога истражуваат остатоци, најчесто наоѓаат остатоци од керамика или метални предмети.
„Затоа наоѓањето на една паричка е причина за славење, а камоли 200“.
Florida treasure hunters amazed by discovery in 300-year-old shipwrecks: ‘You don’t expect that’ https://t.co/FhWRoU0ViR pic.twitter.com/JZfiQotb3K
— New York Post (@nypost) June 23, 2024
Гичлаг рече дека сребрените монети биле пронајдени меѓу остатоците на еден од двата предводници. Тој смета дека се фалсификувани во Мексико, а потонувањето на флотата била голема загуба за Шпанија.
Повеќето од откриените богатства нема да бидат продадени, туку донирани на музеи, пренесува LadBible.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата