logo
logo
logo

Апасиев сака извршители кои им го земаат лебот на граѓаните - и му го даваат него во уста (ВИДЕО)

Vecer | 06.04.2025

Апасиев сака извршители кои им го земаат лебот на граѓаните - и му го даваат него во уста (ВИДЕО)

Како се чувствува Апасиев како газда на дуќан, купен под цена, а одземен од некои граѓани кои неможеле да го отплатат? Оваа зделка на Апасиев и Левица целосно ги демаскира, извршителите и банките не им пречат кога од нив купуваат евтин имот, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Апасиев нема проблем со извршителите кои им го земаат лебот од уста на граѓаните, кога истиот тој леб му го ставаат во уста на него.

Борбата против извршителите Апасиев ја закити со дуќан кој според пазарните цени може да чини и до милион евра во центарот на Скопје.

Оваа зделка на Апасиев немаше да биде возможна без извршителите и банките, кои тој лицемерно ги напаѓаше, додека само чекал кога да влезе во зделка со истите.

Лажниот аскет Апасиев се покажа со целото негово лицемерие. Сите знаат дека Апасиев и Левица се жедни за дуќани во центарот на Скопје купени по багателни цени, жедни за скапи коли и за станови, рече Манасиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk