Во Македонија по период на променливо облачно време со сончеви периоди и со повремено засилен, до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час) следат убави пролетни денови од викендов па натаму.
И во делови од Скопскиот регион од сабота 12 априлќе има услови за краткотраен дожд, но при топло време. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (повремено во делови од котлината ветерот ќе достигнува брзина околу 60 км/час.
Што се однесува до температурите, тие од ден на ден ќе бидат се повисоки, како минималните утрински, така и максималните дневни температури на воздухот.
Преку ден температурите речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, на многу места тие ќе се искачат и над 15 степени, а во Повардарието, како и во југоисточните предели тие ќе се искачат околу, па и над 20 степени“, вели метереологот Попоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата