logo
logo
logo

Повеќе казни, помалку поплаки: Статистика на МВР и Кривичниот суд за сообраќајниот хаос

Vecer | 03.04.2026

Повеќе казни, помалку поплаки: Статистика на МВР и Кривичниот суд за сообраќајниот хаос

Во март значително е намален бројот на граѓаните и на правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд за евидентираните сообраќајни прекршоци со системот „Безбеден град“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Кривичен информираат дека веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговори.

Во март 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени 65 приговори односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 22 приговори од правни лица и 43 приговори од физички лица.

Во споредба со претходниот месец, во февруари биле поднесени вкупно 476 приговори, односно 431 приговор од правни лица и 45 приговори од физички лица.

Во текот на март од доставените приговори, од кои најголем дел се веќе во фаза на постапување, со пресуда се завршени 92 предмети.

Од Кривичен информираат дека по овие предмети постапуваат 16 судии од Одделот за прекршоци, сите поднесени приговори навремено се заведуваат и согласно одредбите од Законот за прекршоци, во утврдениот рок од 8 дена, се доставуваат до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување.

Преку системот „Безбеден град“ во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок, што е зголемување во однос на февруари кога се регистрирани 19.066 сообраќајни прекршоци.

Во периодот од 1.3.2026 до 31.3.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок, информираше вчера МВР.

Од вкупниот број регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци, што претставува намалување на 68,2 отсто во споредба со февруари, најголемиот број се за управување возило со брзина поголема од дозволената – 25.230, а во текот на март беа регистрирани дури 941 прекршок за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk