logo
logo
logo

КОЈ Е НАЈДАРУВАН ФУНКЦИОНЕР? Антикорупциска го објави новиот каталог на подароци

Vecer | 30.04.2026

КОЈ Е НАЈДАРУВАН ФУНКЦИОНЕР? Антикорупциска го објави новиот каталог на подароци

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година, во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор.

Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење.

„Објавувањето на каталогот претставува значаен дел од системот на институционален интегритет, имајќи предвид дека пријавувањето на подароци е еден од клучните механизми за превенција од судир на интереси и за зајакнување на етичкото постапување на носителите на јавни функции“, се наведува во соопштението од ДКСК.

Антикорупционерите укажуваат дека навременото и целосно пријавување на подароци од страна на службените лица е важен показател за нивниот интегритет и одговорност, како и за доследна примена на законската рамка.

Во делот на поднесоци за подароци од јавни лица има вкупно 55 ставки, од кои најмногу пријавиле главниот државен ревизор, Максим Ацевски и претседателот на Собранието Африм Гаши.

Ацевски пријавил најмногу сувенири – рамка со народна носија, украсна паричка, украсен брод, керамички сувенир, декоративна стаклена вазна…

Гаши го пријавил како подарок објектот Совет Шура, потоа златен меч во рамка, бисер поставен во златна школка, рачно цртана порцеланска вазна, скулптура „глава на коњ“, златна и сребрена монета…

Во делот на поднесоци за подароци од вработени има пријавено 12 ставки. Раководител на сектор во Дирекција за технолошки индустриски развојни зони пријавил подарок вино KARTAL VRANEC 0,75 l, тефтер и подлога за мауспад со лого на дарителот, додека советник во Државно правобранителство на Република Северна Македонија пријавил подарок книга во вредност од 300 денари.

Државен архив на Република Северна Македонија пријавил подарок три клима уреди во вредност од 68.000 денари, додека од Национална установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга вработен пријавил подарок украсен предмет – акрил на дрво во вредност од 9.000 денари.

Каталогот е јавно достапен на следниот линк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk