logo
logo
logo

НЕ СМЕ ИСТИ И СРЕЌЕН СУМ ПОРАДИ ТОА, Мицкоски му одговори на Филипче

Vecer | 25.08.2026

НЕ СМЕ ИСТИ И СРЕЌЕН СУМ ПОРАДИ ТОА, Мицкоски му одговори на Филипче

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека прв пат се согласува со претседателот на СДСМ Венко Филипче дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија.

- Јас можам прв пат да се согласам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве прв пат можам да се согласам дека не сме исти. И точно, граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче дека не се исти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk