logo
logo
logo

Протести ако членовите на Судскиот совет со изгласана недоверба не поднесат оставки

„ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ НАРОД, ЌЕ БИДАМ ВО ПРВИТЕ РЕДОВИ“

Vecer | 13.03.2025

„ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ НАРОД, ЌЕ БИДАМ ВО ПРВИТЕ РЕДОВИ“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва најави дека ќе се случат протести ако членовите на Судскиот совет за кои беше изгласана недоверба во Собранието не си дадат оставки, а на тие протести тој ќе биде во првите редови.

„Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на улица и ќе протестира, народот е гладен и жеден за правда. Замислете имате кај граѓаните помала доверба од два или три отсто, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Ќе им се случи народ, прв ќе застанам кој ќе го води народот, ветувам дека тоа ќе се случи“, истакна премиерот Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5.

За тоа кој ќе ги замени, Мицкоски нагласи дека ќе се разговара, но едно е сигурно дека нема да биде исто, „нема да има вакви луѓе за кои има докази“.

„Правда не може да има како сега со судии или обвинители или пак членови на Судски совет и Совет на јавни обвинители кои се од партиски штабови. Тука има луѓе за кои има докази кои се или како се. На крајот на денот ние сите овие процеси кои ги водиме, не ги водиме за да биде исто, нема причина за да биде исто, само со нови луѓе. Имаме извештај од Оценската мисија кој јасно дава насоки како да се движат реформите и истите ќе ги имплементираме. Ќе се држиме до извештајот, само нешто да се смени, затоа што не оди вака, ако сакаме да имаме држава. Сакам да имаме држава и моите деца да растат во оваа држава и да основаат семејства во оваа држава, јас ќе се борам за таква држава“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk