„Денес во Тиват остварив средба со германскиот канцелар Фрудрих Мерц, во рамки на Самитот ЕУ Западен Балкан. Разменивме мислења за европските перспективи на регионот, предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и важноста од продлабочување на соработката и европската интеграција.
Ваквите средби претставуваат можност за градење нови партнерства и зајакнување на врските кои се од значење за иднината на нашиот регион“ – објави премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Тој објави и видео снимка од изјавата што ја даде за новинарите присутни на Самитот, во која изрази задоволство од текот и содржината на разговорите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата