Единственото нешто што треба да го направи земјава е да ги впише Бугарите во Уставот за да почне преговори со Европската Унија, рече бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ – Западен Балкан кој денеска се одржува во црногорскиот град Тиват, пренесува „Дојче веле“.
„Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многи е едноставно. Потребно е да го направат само овој чекор за да се отвори вратата за преговарачкиот процес“, рече Радев, објави „Дојче веле“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата