Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна:
„Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата