logo
logo
logo

ЕНЕРГИЧЕН И ЦВРСТ ПОЗДРАВ: Мицкоски и Макрон во директен разговор за европската иднина

Vecer | 05.06.2026

ЕНЕРГИЧЕН И ЦВРСТ ПОЗДРАВ: Мицкоски и Макрон во директен разговор за европската иднина

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека остварил средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која биле отворени теми поврзани со регионот, европските перспективи и прашањата од интерес за граѓаните.

На фотографијата што ја сподели на Фејсбук, двајцата лидери се на заедничка маса, при што се поздравуваат со цврст рачен стисок кој остава впечаток на пријателски и енергичен поздрав. Средбата во Тиват, како што се оценува од објавата, поминала во срдечна и конструктивна атмосфера.

„Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме“, напиша Мицкоски.

Тој додава дека Франција има значајна улога во Европската Унија и дека е важно дијалогот со Париз да биде отворен и директен.

„Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања“, наведува премиерот.

Мицкоски истакна дека фокусот останува на градење партнерства и поддршка за државата на европскиот пат.

„Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка. Продолжуваме посветено и со јасна цел цврсто да чекориме напред“, порача тој.

Средбата доаѓа во период на засилени дипломатски активности и разговори за европската интеграција на земјите од регионот. Двајцата се дел од самитот на ЕУ – Западен Балкан во Црна Гора каде се присутни највисоките европски и регионални лидери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk