logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ сака да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација

Vecer | 12.04.2025

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ сака да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација

Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата која две децении владееше преку рекет, корупција и уценети институции, денес повторно се обидува да ја избегне одговорноста со евтини обиди за етничка манипулација, се вели во денешното соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинувањата дека институциите на државата водат етнички мотивирани истраги се не само срамни, туку и опасни.

Ниту една етничка заедница не е цел, цел се поединци осомничени за криминал.

Не се водат истраги против Албанци, туку против функционери на ДУИ за кои има сериозни индиции за криминални дејствија.

ДУИ сака да создаде конфликт таму каде што има само правда. Но, времето на недопирливите заврши.

Во правна држава, каква што сакаме да градиме, треба да одговара секој кој ја злоупотребил својата службена положба – без разлика дали зборува македонски, албански или турски.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи криминалот да се маскира како етничко прашање. Напротив, ние градиме еднаква држава за сите – со правосудство што гони криминал, не етничка припадност, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk