ПРАЗНИК Е 23 ОКТОМВРИ, внимавајте каде паркирате околу МНТ и Музеј на современа уметност од 10 до 23:30 часот

Vecer | 23.10.2026

ПРАЗНИК Е 23 ОКТОМВРИ, внимавајте каде паркирате околу МНТ и Музеј на современа уметност од 10 до 23:30 часот

Министерството за внатрешни работи информира дека на 23 октомври, по повод одбележувањето на државниот празник Денот на македонската револуционерна борба, ќе се користат беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух.

Од МВР соопштуваат дека за потребите на реализацијата на свеченоста, паркинг-просторот на Музејот на современата уметност ќе биде обезбедуван од 10 до 23:30 часот, поради што апелираат до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот.

Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки за одбележување на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала.

МВР нагласува дека станува збор за однапред планирани активности и апелира до граѓаните за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk