logo
logo
logo

ГОДИНАВА 21% ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА, се работи трендот да се задржи. ОД КАДЕ НАЈМНОГУ НИ ДОАЃААТ?

Vecer | 11.06.2025

ГОДИНАВА 21% ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА, се работи трендот да се задржи. ОД КАДЕ НАЈМНОГУ НИ ДОАЃААТ?

Македонија се бори за погоеми приходи од туризмот, и повеќе туристи во земјава. За таа цел по Нова Година веќе се договараат нови авио линии а интензивно се работи на патната инфраструктура и обезбедување други услови кои може дражава да ги обезбеди за прифат на туристите.

Се друго, како дел од понудата за туристите, останува на фирмите и субјектите кои даваат непосредни услуги на гостите. Според резултатите за посета на Македонија со туристички цели Турците и Германците во април биле најчести гости во земјава.

Држави од каде дошле најмногу туристи во април годинава во Македонија се: Турција со 21.124 , потоа Германија со 11.097, Србија со 4.905 и Франција од каде што дошле 4.881 туристи.

Бројот на туристите во април 2025 година изнесува 96.943, од кои 21,4 отсто се домашни туристи, а 78,6 отсто се странски туристи, објави Државниот завод за статистика (ДЗС)

Бројот на ноќевањата во април 2025 година изнесува 171.886, од кои 26,5 отсто се од домашните туристи, а 73,5 отсто од странските туристи.

Во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,4 отсто, односно кај домашните туристи има намалување за 4,2 отсто, а кај странските има зголемување за 21,6 отсто.

Долго време Турците се најбројни туристи, како и Србите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk