logo
logo
logo

НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАДЕ АУДИТО НА МЕРКО, а причината е сосема очекувана

Vecer | 12.03.2026

НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАДЕ АУДИТО НА МЕРКО, а причината е сосема очекувана

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга попречена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец со почетна цена од околу 21.800 евра, а средствата да бидат наманети за набавка на комбе кое ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби, информираа денеска од Општината.

Реализацијата на оваа одлука е попречена поради извршна постапка поврзана со долг наследен од 2016 година во вредност од околу 1,4 милиони денари. Поради каматите и пресметките што се вршат од 2018 година, овој долг во моментот изнесува околу три милиони денари. Исто така, факт е дека извршните постапки во Општина Струга се бројни“, пишува во соопштението на Општина Струга.

Оттаму појаснуваат дека како последица на активирањето на оваа постапка од страна на надлежен извршител, градоначалникот е во комуникација со него и други засегнати страни „со цел овој процес да се заврши на начин кој ќе биде во интерес на граѓаните“.

Овој случај е уште еден показател за тешката финансиска состојба која Општина Струга ја има наследено од претходните години. И покрај тоа, градоначалникот Ќура останува посветен на транспарентно управување со општинските финансии и на изнаоѓање решенија кои ќе бидат во корист на граѓаните“, се неведува во соопштението на Општина Струга, објавено на нејзината официјална страница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk