logo
logo
logo

ГОРИВОТО ПОЕВТИНУВА ЗА 2,5 ДЕНАРИ ПО ЛИТАР, Мицкоски договорил попусти преку ОКТА од 45 до 50 долари по тон на компаниите кои соработуваат со неа

Vecer | 13.03.2026

ГОРИВОТО ПОЕВТИНУВА ЗА 2,5 ДЕНАРИ ПО ЛИТАР, Мицкоски договорил попусти преку ОКТА од 45 до 50 долари по тон на компаниите кои соработуваат со неа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани најави дека од денеска ќе има намалување на цените на нафтените деривати за 2,5 денари.

Мицкоски рече дека заедно со Министерството за енергетика и со компанијата ОКТА работеле на модел со кој ќе се овозможи компаниите да добијат поевтино горива.

Според планот, ОКТА од денеска ќе треба да даде попуст од 45 до 50 долари по тон на компаниите кои соработуваат со неа. Тоа рече  Мицкоски, ќе значи намалување по 2 денари за литар.

-Разговарав и со голем дел од сопствениците на бензинските пумпи кои што рекоа дека тоа ќе го пренесат на крајните корисници. Така што, бидејќи РКЕ ја одредува највисоката цена, очекувам откако ова ќе биде објавено, во текот на денот да се намалат нафтените деривати за 2,5 денари. Во средства, тоа значи дека литар дизел ќе биде 1,35 евра – рече Мицкоски.

Мицкоски исто така информира дека минатиот понеделник бил забележан највисок пик на дотур на нафта и нафтени деривати во Македонија од околу 2 милиони литри дневно.

Тој додаде  дека поради ниската цена сега имаме наплив на граѓани од регионот кои точат гориво на македонските бензински пумпи, што како што рече, ја прави земјава стабилизатор во регионот.

Премиерот рече дека засега нема да има други мерки на намалување на цената на горивата, но ако цената на нафтата на берзите и натаму расте ќе се намали данокот на додадена вредност, не акцизите.

-Ќе одиме со намалување на ДДВ не на акцизите бидејќи не е поволно за граѓаните, бидејќи цената на нафтата на берзите треба да биде над 800 долари по тон. Сега е околу 600 до 650 долари по тон, но ќе одиме на намалување на ДДВ-то  со две можности за намалување на стапката од 18 на 10 и од 10 на 5%. Сето тоа зависи од цената на нафтата на берзите. Но сега не можеме да го направиме тоа бидејќи имаме голем наплив на граѓани од странство кои точат бензин во Македонија бидејќи е поевтин – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk