Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска присуствуваше на традиционалната Ифтарска вечер, организирана во светиот месец Рамазан од страна на Македонско-турската комора МАТТО, а во име на досегашната и идната соработка со цел унапредување на економските и другите односи помеѓу РС Македонија и Република Туркије.
„Чест ми е што почитувајќи ја традицијата ги зајакнуваме нашите, пред сѐ, пријателски врски. Ваквите денови и поводи се потсетник да се почитуваме едни со други затоа што само така можеме да градиме подобра иднина, а прикажувајќи ја убавината на нашето повеќе културно и повеќе етничко општество да заборавиме на поделбите и меѓусебното непознавање на различните заедници“, порача Стоилковиќ по Ифтарската вечер одржана во хотелот „Хилтон“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата