Ние имаме еден израз на албански јазик, не знам дали вие го имате на македонски: верувај, но и контролирај. Досега на овој граничен премин бевме контролирај, контролирај, но сега ќе бидеме верувај и контролирај, кажа Рама на заедничката прес-конференција со Мицкоски
Системот ќе додаде вредност и за туризмот и туристичкиот потенцијал што го имаат двете земји, тука мислам на охридското крајбрежје, Охрид и Струга – порача Мицкоски.
Побрз проток на патници, поедноставени гранични процедури и поголема меѓусебна доверба – ова се придобивките што треба да ги донесе воспоставувањето на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан меѓу Северна Македонија и Албанија, истакнаа премиерите Христијан Мицкоски и Еди Рама на заедничкиот настан што се одржа денес.
Системот, како што појаснија, значи дека проверките на двете земји ќе се вршат со едно застанување.
Албанскиот премиер Рама, правејќи споредба со досегашниот начин на гранични контроли, рече дека новиот систем треба да донесе поинаков пристап во односите меѓу двете соседни земји.
„Ние имаме еден израз на албански јазик, не знам дали вие го имате на македонски: верувај, но и контролирај. Досега на овој граничен премин бевме контролирај, контролирај, но сега ќе бидеме верувај и контролирај. И другиот чекор ќе биде верувај, верувај за да бидеме заедно во наредниот чекор за ЕУ“, порача Рама.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата