logo
logo
logo

Николовски:

ОТКАЗИ ЗА 8 ЦАРИНИЦИ - Се увезувале автомобили без да бидат платени царини

Vecer | 10.02.2025

ОТКАЗИ ЗА 8 ЦАРИНИЦИ - Се увезувале автомобили без да бидат платени царини

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за акцијата за запленети возила, кои нелегално се внесувале во Македонија, односно за нив не биле плаќани царини. Притоа откри дека буџетот бил оштетен за 9 милиони денари, а како резултат на оваа акција поднесени се кривични пријави и отказни решенија за осум цариници.

- На ова поле работевме неколку месеци и успешно ја заврши оваа операција, како што знаете се крена голема врева поради овој случај, како царинска управа дојдовме до случај царински службеници, транспортери и увозници на возила, организирано дејствувале и на начин само својствен за добро организирани групи, успеале половни моторни возила да внесат во Македонија, без да платат царински давачки и нанеле штета на државниот буџет. Зпаленивме 35 моторни возила во вредност од 20 милиони денари, собравме докази дека буџетот бил оштетен во висина од 9 милиони денари. Суштински гледано од аспект на царинска управа, самата кривична пријава која е поднесена до ОЈО ГОК е прва кривична пријава за организиран криминал што Царинска управа ја поднесува. Суштината не е во одземените возила, туку во однос на системските пропусти кои биле работени во царинската управа, без да се плати царински давачки, рече Николовски.

Николовски кажа и дека како резултат на ова, против 11 цариници се поднесени дисциплински постапки, а за осум има отказни решенија.

Поднесени се кривични пријави за 32 лица, 14 физички, 7 правни лица и 11 царински службеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk