logo
logo
logo

УЖАС ВО КИЧЕВО: 72 годишен силувал малолетничка

Vecer | 29.04.2025

УЖАС ВО КИЧЕВО: 72 годишен силувал малолетничка

72-годишен жител на Кичево доби кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот А.А. во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево, како и на други места, извршил и други полови дејствија врз малолетна девојка од истото подрачје.

„По добиените информации, по насоки на јавен обвинител, лицето беше лишено од слобода и беше преземено сѐ што е неопходно за заштита на жртвата,“ информираат од ОВР Кичево.

Малолетничката е подложена на медицински преглед, а со неа бил извршен разговор во присуство на член од нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници.

Од страна на судија на претходна постапка, на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во казнено-поправната установа „Затвор-Битола“.

Како што посочуваат од полицијата, случајот е во надлежност на Јавното обвинителство, а се преземаат сите потребни истражни и процесни дејствија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk