Ќе продолжиме да ја подржуваме и во следниот период општина Ѓорче Петров, како и сите останати општини со сите наши ресурси затоа што треба да се развиваат општините и конечно граѓаните да добијат пристојни услови за живот, би ја искористил оваа можност, бедејќи добив бројни прашања од најголем дел од вас, во однос на информацијата која што вчера излезе во медиумите во Република Бугарија во однос на железничкиот дел од Коридор 8, да го кажам ставот, рече и додаде:
-Остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8. Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 километри, која што оди од Бељаковце до градот Крива Паланка. Во месец јануари ја пуштивме првата секција од Куманово до Бељаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел на изнаоѓање на заеднички прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави, изградба на третата секција затоа што сметаме дека Коридорот 8 е од исклучително значење не само за Македонија, туку за целиот регион и за цела Европа, тоа е НАТО Коридор, втор по значење Коридор за НАТО и нашата посветеност останува.
Жалиме што бугарската Влада ги повлече средствата предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓушево вели Николоски.
-Со жалење ја примавме информацијата која што вчера стигна, а која што е веќе и официјален документ усвоен од бугарската Влада со кој што Бугарија одлучи да ги тргне средствата кој што претходно беа предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓушево, имајќи ја предвид дека пруга има но пругата е во очајна состојба во БУгарија и практично не може да се користи и не може да се изгради тунелот, да се изгради спојка со Ѓушево, туку многу побитно да се направи реконструкција од Ѓуешево до Софија со цел Скопје и Софија да се спојат, појасни Николоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата