Екипата на Милан ја прекина серијата на Интер, во освојувањето на Супер купот на Италија која што траеше од 2021 година. Синоќа Милан со конечни 3:2, во голем пресврт триумфираше во финалето со што направи новиот тренер Серџо Консеисао во само два меча да ги победи Јувентус и Интер, и одозгора да освој трофеј.
„Многу сум среќен за тимот . Не беше лесно, атмосферата не беше најдобра. Тоа е достигнување кое го потврдија и солзите на крајот од натпреварот. Имавме неколку дена да работиме на важни детали и се соочивме со два многу силни тима“, – изјави Консеикао па додаде.
„Магијата ја создадоа играчите кои ги прифатија нашите идеји, дури и ако требаше многу да се подобриме. Со понизност можеме да имаме добри четири месеци во лигата и добро да се снајдеме во Лигата на шампионите. Ја славиме победата, но од утре ќе размислуваме за мечот со Каљари“, додаде Консеикао.