Новиот тренер на Милан, Серхио Консеисао пред утрешното финалето на италијанскиот Суперкуп со Интер изјави дека се што посакува е победа.
„Играме против одличен тим кој е заедно долго време. Треба да се погледнеме себеси. Ќе биде тешко, но среде овие тешкотии мора да бидеме мажи и да преземеме одговорност. Леоа? Ќе мора да ја процениме неговата состојба. Ќе видиме утре. Имаме врвни играчи, но не барам изговори: ќе дадеме се од себе. Ги почитувам сите тимови за кои сум играл. Имам чувства за моите играчи. Навистина сакам да ја подготвам играта на момците што е можно подобро. Наша основа треба да биде амбицијата и жедта за победа“, изјави Португалецот.